back to top
23.8 C
Skopje
четврток, 1 октомври , 2026

Заеднички против врсничкото насилство: oзначен почетокот на практичната работа со учениците во Драчево во рамки на „Star for Life“

Други наслови

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска присуствуваше во ООУ „Св. Климент Охридски“ во село Драчево, каде започнува практичната работа со учениците во рамки на проектот „Star for Life“.

Откако претходно беше потпишан трипартитен меморандум за соработка помеѓу Општината, училиштето и Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) – Подружница Македонија, и се реализираа обуките за наставниците, сега фокусотнсе префрла на директната работа со децата.

Стручни експерти започнуваат со континуирана работа со учениците. Главната мисија на овој проект е превенција и целосно искоренување на врсничкото насилство (булинг), преку едуцирање на младите за навремено препознавање на ризични ситуации, правилно реагирање и создавање пријателска училишна атмосфера.

На настанот, поддршка на овој процес дадоа и глобалниот генерален секретар на „Star for Life“, Џесика Грундстром Алдин, донаторите на проектот Антонијо Трпевски и Пирко Трпевски, претставниците од тимовите на „Star for Life“ и „Motivation Lift“, како и претставниците од Обединетата Македонска Дијаспора. Општина Кисела Вода останува силно посветена на обезбедувањето здрава, безбедна и стимулативна средина за секое дете.

-Денеска ми е особено драго што сме тука за да го одбележиме почетокот на една нова, практична етапа од нашиот проект. Откако успешно ги реализиравме обуките за наставниот кадар, стручните експерти од проектот „Star for Life“, започнуваат со директна работа со децата.

Нашата заедничка мисија е јасна: превенција и искоренување на врсничкото насилство. Сакаме секое дете во Општина Кисела Вода да доаѓа на училиште без страв, да се чувствува безбедно, прифатено и заштитено. Преку овој проект, нашите ученици ќе научат како навреме да го препознаат булингот, како правилно да реагираат и како да си бидат искрена поддршка едни на други.

Упатувам огромна благодарност до шведскиот амбасадор Н.Е. Ола Сулстром кој е поддржувач на овој проект, до глобалниот генерален секретар на „Star for Life“, Џесика Грундстром Алдин, до донаторите Антонијо и Пирко Трпевски кои ја овозможија оваа иницијатива, како и до нашите партнери од ОМД и експертските тимови на „Star for Life“ и „Motivation Lift“. Оваа заедничка цел за градење поздрава и побезбедна училишна средина можеме да ја оствариме само преку меѓусебна соработка и посветеност-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести