back to top
26.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Засилени безбедносни мерки во Охрид поради посетата на претседателката на Индија

Други наслови

Пради посетата на претседателката на Индија на Охрид, од денеска до 22 јули во Охрид ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, извести СВР Охрид.

„Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, од денеска интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални, регионални и локални патишта од Охрид кон Св. Наум, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата во централното градско подрачје и во стариот дел на градот“, извести полицијата.

СВР Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот, имајќи ги предвид безбедносните мерки што се реализираат во врска со оваа значајна посета на индиската претседателка, а своите моторни возила да ги користат во исклучителни случаеви или да користат алтернативни превозни средства.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести