Фудбалската треска во Париз го достигнува својот врв пред финалето на Лигата на шампионите против Арсенал (30 мај), но вниманието на јавноста беше одвлечено од теренот поради една необична и прилично „жешка“ понуда. Главната ѕвезда на оваа приказна е рускиот обезбедувач на мрежата Матвеј Сафонов, кој се наоѓа на мета на популарната руска актерка за филмови за возрасни, Мери Рок.
Имено, Мери реши дополнително да го мотивира голманот на „Светците“, па јавно му вети „страсна ноќ“ за секоја одбрана што ќе ја направи во големото финале. Интернетот веднаш „експлодираше“, а додека Сафонов мудро молчеше, неговата партнерка Марина Кондратјук се огласи и ги остави сите во неверица со својот одговор.
Наместо љубомора или скандал, Марина реши да се послужи со иронија и јавно да ја „понижи“ понудата на порно актерката, откривајќи што всушност е Сафонов во приватноста.
– Актерката за филмови за возрасни му посака среќа на мојот сопруг во финалето и му вети страсна ноќ за секоја одбрана. Кутрата, таа нема поим дека за него „страсни ноќи“ значат решавање крстозбори, гледање квизови на телевизија и одење на спиење во 23:30 часот, бидејќи по ѓаволите, следниот ден мора да стане рано на тренинг – напиша Марина на социјалната мрежа Threads и стана апсолутен хит.


Овој духовит одговор дополнително фрли светлина врз Русинот кој моментално ги доживува најдобрите денови од својата кариера откако пристигна во Градот на светлината. Сафонов е во форма на живот, што го потврди и во дербито против Ленс, каде што беше прогласен за играч на натпреварот.
Иако пристигна во Париз како замена, Сафонов успеа да го истисне Лукас Шевалие и да стане незаменлив на голот на црвено-сините. Навивачите се надеваат дека Сафонов ќе ја „заклучи“ мрежата против „Топџиите“ на 30 мај, а дали неговата мотивација ќе бидат крстозборките или „ветувањето“ на огнената Мери Рок, останува да се види.


