back to top
10.8 C
Skopje
петок, 2 октомври , 2026

Американски бродови убијци доаѓаат, никој не ги вози, а тие сеат смрт! Пентагон подготвува роботски ѕверови за напади низ целиот свет

Други наслови

Американската морнарица развива автономен воен брод од класата „Либерти“, кој ќе може да плови до три месеци без ниту еден член на екипажот. Проектот го спроведуваат „Блу Вотер Автономи“ и „Дамен Шипјардс“, а првиот брод е близу до спуштање во вода.

„Либерти“ е наменет да ги надополни класичните американски воени бродови и да преземе ризични и логистички задачи. Дизајниран е како модуларна платформа способна да носи ракетни системи, сензори и други воени модули.

Бродот го користи докажаниот труп на „Дамен Стен Патрол 6009“, но без простор за екипажот, што ја намалува сложеноста и го забрзува производството. Планирано е да се изградат до 20 бродови годишно.

Доколку ги исполни очекувањата, „Либерти“ би можел значително да ги прошири оперативните капацитети на американската морнарица со помал ризик за персоналот.

За потсетување, САД и Иран моментално се во отворен воен конфликт, со напади со беспилотни летала, ракети и воздушни напади што се разменуваат низ целиот регион, вклучително и цели во Иран, Израел и земјите од Персискиот Залив.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести