Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна повеќе нема подолги задржувања за влез и излез од земјата.
АМСМ препорачува регулирана брзина, почитување на утврдените сообраќајни знаци и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ долини, речни долини и клисури, каде што постои можност за лизгање на земјиштето.
Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
