back to top
13.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

,,Бакнежот на судбината!” – Фотографија што го обиколи светот: Кога Лионел Меси го капеше бебето Ламин Јамал

Други наслови

Една фотографија од 2007 година повторно стана вирална на социјалните мрежи, откако на неа се гледа како тогаш 20-годишниот Лионел Меси го капе бебето Ламин Јамал.

Фотографијата е направена за хуманитарен календар на „Барселона“ во соработка со локален весник, а семејството на малиот Ламин било избрано да учествува во фотосесијата. Во тој момент никој не можел ниту да претпостави дека бебето во кадата еден ден ќе стане една од најголемите млади фудбалски ѕвезди во светот.

Денес, Ламин Јамал го носи дресот на Барселона и шпанската репрезентација, а многумина симболично велат дека „бакнежот на судбината“ започнал токму со таа фотографија со Меси.
Фотографијата повторно го привлече вниманието на светската јавност и стана симбол на генерацискиот премин – од легендата Лионел Меси до новата ѕвезда Ламин Јамал.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести