back to top
23.8 C
Skopje
петок, 2 октомври , 2026

БАЛКАНОТ МЕЃУ ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ И РАЗОРНИ НЕВРЕМИЊА: Дунав на најниско ниво од 1946 година

Други наслови

Балканот се соочува со два екстреми: долготрајни горештини и суша, но и ненадејни силни невремиња со град, пороен дожд и разорен ветер.
Во Србија, нивото на Дунав паднало на најниската точка забележана од 1946 година, што веќе создава проблеми за речниот сообраќај и транспортот на стока. Ниските водостои се последица на високите температури и недостигот од врнежи во поширокиот слив на реката.
Во Грција и Албанија екстремната жештина го нарушува секојдневието, го зголемува ризикот од пожари и создава дополнителен притисок врз водоснабдувањето. Температурите во делови од јужна Европа надминуваат 40 степени, а штети се бележат и во земјоделството.
На спротивната страна од временскиот екстрем, силно невреме со град го погоди хрватското приморје, каде што имало и повредени лица. Метеоролошките прогнози предупредуваат дека нестабилното време може да зафати делови од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија.
Надлежните служби ги повикуваат граѓаните да не престојуваат под дрвја, покрај нестабилни објекти и на отворен простор при појава на молњи и силен ветер. Возачите треба да бидат особено внимателни поради можни поплавени коловози и намалена видливост.
Истовремено, експертите предупредуваат дека ваквото брзо менување на екстремна жештина и насилни бури станува сè почеста појава во Европа.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести