Објавени фотографии кои предизвикаа лавина од реакции на мрежите!
Поранешната кралица на светот на тенисот, Ана Ивановиќ, повторно ги „запали“ социјалните мрежи и покажа зошто со години важи за една од најубавите спортистки на планетата.
Нејзините најнови објави предизвикаа вистинска лавина од коментари, а сите се согласуваат за едно – Србинката блеска по разводот од Бастијан Швајнштајгер !
Додека тенискиот свет полека се загрева за почетокот на Ролан Гарос, Ана реши да сподели серија фотографии на кои нејзиниот беспрекорен стил и завидна фигура доаѓаат до израз. Коментарите се слеваа со молскавична брзина, а многумина истакнуваа дека изгледа подобро од кога било.
„Одзема здив“, „фантастичен изглед“, „не старее ниту еден ден“ – ова се само дел од коментарите од нејзините следбеници што ја преплавија објавата.
Особено е интересно што секоја нова фотографија од поранешната шампионка предизвикува огромен јавен интерес, иако таа одамна е надвор од професионалниот тенис. Нејзината популарност не опаѓа, напротив – со секое објавување таа продолжува да привлекува огромно внимание низ целиот свет.
Да ве потсетиме дека Ивановиќ го достигна врвот на својата кариера на Ролан Гарос , кога го освои трофејот во Париз и влезе во историјата на белиот спорт, а денес подеднакво успешно го носи статусот на глобална икона на стил и елеганција.
