Безбедносната и информативна агенција (БИА) издаде официјално соопштение во кое го советува претседателот на Србија , Александар Вучиќ, да не оди во Црна Гора.
„Од причини од највисоко значење за задачите доверени на Безбедносно-информативната агенција, објавуваме дека е потребно да објавиме дека поради непријателските дејствија на странските служби и криминалните кланови во Црна Гора, Безбедносно-информативната агенција официјално го советуваше претседателот на Република Србија да не патува во Црна Гора бидејќи е утврдено дека постои висок безбедносен ризик“, наведуваат од БИА и додаваат:
„Според нашите оперативни сознанија, Радоје Звицер, водачот на кавачкиот клан, е во Црна Гора. Спротивно на сите правила на професијата и одговорниот однос, безбедносната проценка што беше побарана неколку пати од службата домаќин на состанокот во Црна Гора не ни беше доставена“.
Да ве потсетиме дека претседателот Вучиќ треба да учествува на самитот на ЕУ и Западен Балкан во Тиват денес и утре.
