back to top
21.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Биби ја напушта Белата куќа

Други наслови

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, која, според Белата куќа, била „позитивна и продуктивна“.

„ Претседателот Трамп ги заврши средбите во Овалната соба со претседателот (на Украина) Володимир Зеленски и премиерот (на Израел Бенјамин) Нетанјаху. И двата состанока беа позитивни и продуктивни“, напиша портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на платформата X по одделните средби на Трамп со Нетанјаху и Зеленски, според Си-Ен-Ен.

Израелски функционер запознаен со средбата меѓу Нетанјаху и Трамп ги повтори оценките на Белата куќа, наведувајќи дека „средбата била многу позитивна и се одржала во добра атмосфера, заедно со високи членови на администрацијата“.

„Одличната хемија меѓу лидерите беше очигледна“, рече функционерот.

Тој додаде дека лидерите ја потврдиле својата заедничка цел „под никакви околности да не му се дозволи на Иран да поседува нуклеарно оружје“.

Двајцата лидери разговараа и за партнерството меѓу Израел и Соединетите Американски Држави , „кое е посилно од кога било“, како и за различните можности на Блискиот Исток. И двете средби се одржаа без присуство на медиумите.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести