back to top
7.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Божиновска од Истанбул: Забележуваме зголемување на турските инвестиции во Северна Македонија

Други наслови

Министерката за енергетика, рудници и минерални ресурси, Сања Божиновска, денес ќе учествува на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција во Истанбул, важен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете земји.

На форумот присуствува и владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во која се и министрите одговорни за економијата, енергетиката и инфраструктурата. Домаќин на настанот ќе биде министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат, а организатори се Министерството за трговија на Република Турција и ДЕИК – Советот за надворешни економски односи.

Форумот ќе ги собере претставници на влади, институции и бизнис заедници од Северна Македонија и Турција, со цел унапредување на економските односи, зголемување на трговската размена и промовирање на нови инвестициски иницијативи.

Во рамките на форумот, министерката Божиновска ќе учествува на панел-дискусијата „Билатерална соработка во трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување“, каде што ќе ги презентира можностите што ги нуди Северна Македонија во секторите енергетика, рударство и минерални ресурси, како и реформските процеси насочени кон создавање стабилна, предвидлива и конкурентна инвестициска клима.

На маргините на форумот, министерката Божиновска ќе оствари билатерална средба со министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат. На средбата се очекува да се разговара за можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, зголемување на турските инвестиции во Северна Македонија, како и за потенцијалот за соработка во областите на енергетиката, рударството и развојот на стратешки индустрии.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести