back to top
15.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Бремена малолетничка е хоспитализирана поради породилни болки, полицијата ја приведе нејзината мајка

Други наслови

Малолетно девојче во породилна возраст вчера било донесено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопјe. По жалба од Клиниката, нејзината мајка била приведена, а со таткото бил извршен службен разговор и бил известен јавен обвинител.

„На 24.05.2026 година во 15:50 часот во ИЈЗ „Гинекологија и акушерство“ во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопјe, службеници на Полициската станица Скопјe ја лишиле од слобода 38-годишната С.К. од Скопјe, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека малолетната ќерка на С.К. била донесена кај нив со породилни болки. Спроведен е службен разговор со таткото на малолетничката Б.К. (38) и е известен јавен обвинител“, соопшти денес МВР.

Конечно, нагласуваат дека се преземаат мерки за расветлување на инцидентот и по целосно документирање, ќе следи соодветен извештај.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести