back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Брутално насилство пред трагедијата: Стојанче ја тепал Ивана пред детето, ги оставил на автопат сред ноќ

Други наслови

– Нови шокантни детали излегуваат на површина за случајот со Стојанче Јовановски, обвинет за долгогодишно семејно насилство врз сопругата Ивана, кое заврши со трагичен исход.


Според сведоштва изнесени во истрагата, насилството не се одвивало само во домот, туку и на јавни места. Во еден од највознемирувачките настани, обвинетиот наводно ја извадил Ивана од автомобил, ја легнал на земја и физички ја нападнал – и тоа пред нивното малолетно дете.
По бруталниот напад, тој ги оставил Ивана и ќерката Катја на автопат во доцните ноќни часови, околу еден часот по полноќ, по што тие останале сами и без помош. Според сведоци, подоцна биле земени од друго лице.


Дополнително ја шокира јавноста и информацијата дека дури и мајката на обвинетиот го пријавувала во полиција за насилство, што укажува дека проблемите биле познати и во неговото најблиско семејство.


Инаку, против Стојанче Јовановски е поднесено обвинение за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.


Според Обвинителството, насилството траело подолг временски период и вклучувало физички напади, закани и психичко малтретирање, што ја довело Ивана во состојба на сериозна психичка вознемиреност и чувство на безизлезност.


Трагедијата се случи на 2 март, кога Ивана заедно со својата шестгодишна ќерка Катја го загубија животот по пад од зграда во Скопје – случај што ја потресе целата македонска јавност.


Судењето против Јовановски започнува, а јавноста очекува одговори дали институциите можеле навреме да реагираат и да ја спречат трагедијата, имајќи предвид дека против него имало повеќе пријави за насилство.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести