back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Бугарско МНР: Македонија да ги исполни своите обврски за заштита на правата на заедниците

Други наслови

Бугарија инсистира Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски за заштита на правата на заедниците, соопшти денес бугарското Министерство за надворешни работи.

Тие објаснуваат дека организациите на бугарската заедница во Македонија дистрибуирале официјално писмо во врска со ревидираниот нацрт на Акцискиот план за заштита на правата на лицата кои припаѓаат на малцинства и заедници, презентиран од Владата на Република Македонија.

„Нашето Министерство за надворешни работи потсетува дека овој Акциски план е фундаментален документ, дел од Европскиот консензус од 2022 година, чие спроведување ќе се следи во текот на целиот процес на преговори за идното пристапување на Северна Македонија во ЕУ“, нагласува Софија.

Како што објавија бугарските медиуми, во својот став, членовите на бугарската заедница во земјата изразуваат загриженост за недостатокот на целосно одразување во нацрт-акцискиот план на нивните коментари и предлози од декември 2025 година.

Според нив, документот продолжува да не ги решава доволно важните проблеми со кои се соочува бугарската заедница во Северна Македонија и не обезбедува ефикасни механизми за нивно надминување. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести