back to top
26.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Вајц: Северна Македонија ризикува 47 милиони евра без реформи, владеењето на правото и борбата против корупцијата се клучни

Други наслови

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, изјави дека меѓусебното почитување меѓу земјите-членки и земјите-кандидатки е основа на нашата соработка во Европската Унија.

Запрашан за европскиот пат на РСМ, Вајц во интервју за „Еуроњуз Бугарија“ нагласи дека само заедно, особено во овие геополитички времиња, само заедно како европски народи, можеме да го одбраниме нашиот европски начин на живот и нашите европски вредности.

„И ова важи за сите влади, како и за владата на Северна Македонија. И во последната година не видовме никаков напредок, никакви реформи. И не станува збор само за почеток на преговори, туку и за реформската агенда, Планот за раст. Доколку земјата не ги спроведе потребните реформи, 47-те милиони евра нема да одат кај неа, туку кај соседните земји“, рече Вајц.
Известувачот, меѓу другото, рече дека најважните реформи за членство во ЕУ се сите реформи во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата, обезбедувањето независни судски системи што обезбедуваат правда за граѓаните, но и за бизнисот.

„Исто така и за развојот на земјата. Без Европската Унија, ако немате соодветен статус на владеење на правото, нема да привлечете странски инвеститори да инвестираат во вашата земја. Значи, ова е клучно прашање. И да, корупцијата е рак во нашите општества, а исто така и во Европската Унија. А во мојата земја сè уште се бориме против корупцијата. Прашањето е дали имаме институции, дали имаме законодавство, дали имаме власти кои се способни и спремни и имаат политички простор да дејствуваат во борбата против корупцијата или не. И сè уште треба да видиме подобрувања во овој поглед од Северна Македонија и од Владата на Северна Македонија. Ова е јасно наведено во извештајот“, нагласи Вајц.

Тој исто така рече дека се надева оти членството на Албанија или големите шанси за членство на Албанија ќе дадат стимул и на политичката сцена во Македонија.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести