back to top
17.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Висок напредок во областа на Царинска управа потенциран во извештајот на Европската комисија

Други наслови

Во извештајот на Европската комисија за напредокот на државата потенциран висок напредок во областа Царинска управа – ова е уште еден цврст доказ за спроведените реформски политики на Царинската управа со цел забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

-Покажуваме сериозен напредок и одиме посилно! Високото ниво на напредок, нотирано од Европската Комисија е уште еден цврст доказ дека Царинската управа спроведува значителни реформски мерки и политики кои што треба да овозможат забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на ЕУ, вели директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

На фејсбук профилот на Царинската Управа а е наведено:

Во извештајот на Европската комисија за напредокот на државата потенциран висок напредок во областа Царинска унија – ова е уште еден цврст доказ за спроведените реформски политики на Царинската управа со цел забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ.
✅Напредок во усогласување и унапредување на ИКТ системите – завршен и пуштен во употреба #НКТС 5, развој на #ЕОРИ 2 и унифицирано управување со корисници и дигитален потпис..
✅Царинското законодавство високо усогласено со правото на ЕУ. Ратификуван Протоколот за елиминација на нелегалната трговија со тутунски производи – државата со важна обврска во борбата против царинските измами и спречување шверц на тутунски производи.
✅Зголемена наплата на приходи на Царинската управа – Вкупните приходи во 2024та за 6,3 % повисоки од 2023та, надминувајќи две милијарди евра.
✅Оперативен капацитет – Усвоена Стратегија за развој на Царинската управа, 2025 – 2027. Воспоставен сеопфатен разузнавачки систем. Зголемен број на случаи на заплени.
✅Борба со корупција – Усвоена нова Стратегија за интегритет и борба против корупција 2024-2027, со 22 таргетирани мерки.
✅Заштита на права на Интелектуална сопственост – Во 2024та во 73 случаи запленети 147.525 стоки поради сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.
✅Добрососедски односи и регионална соработка – потпишан Меморандум со Царинската управа на Црна Гора со цел поефикасни контроли, спречување царински измами и забрзување на легалната трговија!

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести