back to top
8.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Обезбедени се 31,7 милиони евра од Планот за раст, поточно во делот за дигитална трансформација

Други наслови

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу посветеност, работа и одговорност, и носат конкретни резултати. Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзината имплементација е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја за испорака на резултати, нагласи во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција пратеничката Драгана Бојковска.

„Особено важен дел од Агендата за реформи е дигиталната трансформација, област во која Македонија веќе остварува конкретен и мерлив напредок. Преку исполнувањето на чекорите од Агендата за реформи, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во сегментот на дигиталната трансформација. Ова се средства што доаѓаат како резултат на исполнети обврски. Ова се средства што се резултат на реформи, донесени закони и јасна посветеност на државата да се движи напред. Ова е суштината на пораката дека Македонија забрзува. Забрзува во реформите, забрзува во дигиталната трансформација и забрзува во испораката на резултатите за граѓаните“, рече Бојковска.

Таа додаде дека дигиталната трансформација значи конкретна промена за граѓаните – од услуги без непотребни чекања, до помалку бирократија, поедноставени процедури и институции кои работат побрзо и поефикасно. Токму тоа го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во 2025 година беше усвоен најголемиот пакет закони во областа на дигиталната трансформација. Овој пакет реформи ги поставува темелите на модерна дигитална држава, хармонизирана со европските стандарди и подготвена да одговори на потребите на граѓаните и бизнисот. Оваа динамика продолжува и оваа година. Ќе бидат усвоени и преостанатите законски решенија што се дел од Агендата за реформи, со цел Македонија да остане меѓу водечките земји во регионот во спроведувањето на реформите. Разликата е јасна. Имаме конкретни чекори, спроведуваме реформи, создаваме систем и градиме држава што е услуга на граѓаните. Ова е суштината на реформите што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ“, додаде таа.

Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за целосно спроведување на Реформската агенда, за развој на дигитализацијата и за нејзино вклучување во сите области на општеството во наредниот период.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести