Јужна Кореја одобри купување на околу 20 хеликоптери MH-60R Seahawk, кои се способни да дејствуваат против непријателски подморници и бродови, објави денес јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Планот од 3,24 трилиони вони (2,4 милијарди долари), кој предвидува набавка на хеликоптери до 2032 година, е одобрен од Администрацијата за програма за одбранбени набавки (DAPA).

Како што е наведено, целта на набавката е да се замени застарената флота хеликоптери „Линкс“.
