back to top
13.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Вучиќ: За првпат по 14 години, никој од Србија нема да оди на самитот на ЕУ – Западен Балкан

Други наслови

Српскиот претседател Александар Вучиќ, како ниту еден друг функционер на таа земја, нема да учествува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

„За првпат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западен Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави тој за РТС.

Тој изјави дека донел таква одлука за „никој друг да не биде виновен и Владата на Србија да не трпи никаков притисок“.

Вучиќ додаде дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери и дека е „благодарен на многумина, вклучувајќи ги и оние кои секогаш критикуваат иако не знаат точно што критикуваат“.

Земјите-членки на Европската Унија објавија дека за да се отвори преговарачкиот кластер 3, потребно е Србија да постигне „понатамошен напредок во областа на владеењето на правото и нормализацијата на односите со Приштина“, без да наведат кога повторно ќе се вратат на оваа тема.

Одложувањето на одлуката што следеше по дебатата во рамките на ЕУ во текот на ноември и декември покажа дека не постои потребен консензус меѓу земјите-членки за отворање на кластер 3 за Србија.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести