back to top
26.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Георгиевски: Подобро се сложувам со Албанците отколку со Македонците од „српскиот свет“

Други наслови

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, јавно реагираше преку социјалните мрежи на неодамнешните изјави на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Георгиевски сподели видео од интервјуто на Таравар, придружено со коментар што предизвика реакции во јавното мислење. Тој нагласува дека по многу години независност, политичките односи и перцепции во земјата добиваат нов правец.

„По 35 години независност, дојде време кога подобро ги разбирам Албанците од Македонците од српскиот свет“, напиша Георгиевски на својот Фејсбук профил.

Неговата реакција доаѓа по изјавата на Арбен Таравари, кој во едно интервју изрази голема благодарност за Георгиевски, опишувајќи го како една од политичките личности што ги следи и почитува најмногу во Северна Македонија.

Таравари изјави дека, иако се сретнале само неколку пати накратко, тој редовно ги следи анализите и ставовите на поранешниот премиер, ценејќи го неговото познавање на историските и политичките случувања во земјата, како и на односите меѓу Македонија и Бугарија.

„Кога ги слушам неговите изјави, тој е добро упатен во историјата и случувањата во Македонија, како и во односите меѓу Бугарија и Македонија. Има добри анализи и често го слушам и целосно се согласувам со него“, рече Таравари.

Во остатокот од својата изјава, Таравари зборуваше и за меѓуетничките односи и геополитичката ориентација на државата, нагласувајќи ја улогата на албанскиот политички фактор во евроатлантскиот курс на земјата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести