back to top
9.8 C
Skopje
петок, 25 септември , 2026

Граничниот премин Делчево нема да работи до 14:00 часот

Други наслови

Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ најавува дека денес (6 август) граничниот премин „Делчево“, или од бугарска страна граничниот премин „Станке Лисичково“, ќе биде целосно затворен за целиот сообраќај од 08:00 до 14:00 часот.

Причината за ова, според официјалното соопштение добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежни работи на патната делница кај граничниот премин „Станке Лисичково“.

По завршувањето на работите, сообраќајот и работењето на граничните премини ќе продолжат без прекин.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести