back to top
4.8 C
Skopje
среда, 25 ноември , 2026

Дениз Чакир од ,,Кога лисјата паѓаат” и „Сулејман Величествениот“ е приведен во Турција како дел од истрагата за дрога и проституција

Други наслови

Турската актерка Дениз Чакир, позната по улогата на Шах Султан во популарната серија „Сулејман Величествениот“, е приведена во Истанбул како дел од голема полициска операција насочена кон личности од светот на забавата, според извештаите на турските медиуми.

Според весникот „Јени Сафак“, издадени се потерници за вкупно 35 лица како дел од истрагата што вклучува сомневања за кривични дела поврзани со проституција и наркотици.

Меѓу имињата што се споменуваат во овој случај, покрај Дениз Чакир, се и турскиот актер и пејач Озџан Дениз и режисерот Џем Карџи.

Според достапните информации, истрагата е покрената по анализа на исказите на осомничените, исказите на сведоците, како и вештачењето на запленетите телефони и други дигитални материјали.

Турските медиуми јавуваат дека 23 од вкупно 35 лица по кои се издадени налози за апсење се приведени во рамките на операцијата, додека по другите сè уште се трага.

Засега не се објавени детали за евентуалната индивидуална одговорност на актерката, ниту пак е потврдено дека против неа се поднесени обвиненија. Апсењето како дел од истрагата не значи дека вината е докажана.

Дениз Чакир е позната на регионалната публика по нејзината улога како Шах Султан, сестрата на султанот Сулејман, во историската серија „Сулејман Величествениот“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести