back to top
5.8 C
Skopje
недела, 4 октомври , 2026

Груби пренесен во Шутка

Други наслови

Артан Груби кој утрово беше уапсен на преминот Блаце откако решил да се врати во земјава, е пренесен во Шутка, потврдуваат од MВР.

Груби е пренесен во притворското одделение во Шутка бидејќи за него беше определен 30 дневен притвор во отсуство, додека беше во бегство.

Од ОЈО Скопје велат дека дополнително ќе известат како ќе ја тераат постапката, односно кога ќе се појаби пред јавен обвинител.

Груби заедно со екс директорот на Државна лотарија Перперим Бајрами е осомничен за проневери во Државна лотарија про набавка на ВЛТ апарати.

Груби во декември 2024 година беше ставен на т.н. „црна листа“ на САД поради вмешаност во значителна корупција, конкретно поради примање поткуп во врска со судските процеси поврзани со ексдиректор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков

Артан Груби е поранешен прв вицепремиер и со години најблизок човек на Али Ахмети

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести