Независниот регулатор на англискиот фудбал, Дејвид Коган, најави можно исклучување на арапските сопственици од клупата на Манчестер Сити доколку второстепената комисија го прогласи овој клуб за виновен.
Првостепената независна комисија го прогласи Манчестер Сити за виновен по 114 точки од обвинението за кривични и нелегални финансиски активности во текот на девет сезони, а сега жалбата на клубот од „Етихад“ е во тек.
Клубот би можел да биде исфрлен од лигата, финансиски казнет и да добие бодови, а се споменува и губење на трофеи од 2011 до 2019 година.
Но тоа не е сè. Доколку се покаже дека се виновни, Манчестер Сити би можел да остане без сопственикот на клубот, а тоа е богат фонд од Обединетите Арапски Емирати наречен „Абу Даби Јунајтед Груп“.
„Одлуката на независната комисија покренува сериозни прашања. Имаме овластување да ја разгледаме соодветноста на сопствениците, директорите и раководителите“, рече Коган.
Ова значи дека „Абу Даби Јунајтед Груп“, доколку се докаже дека е виновен, ќе мора да го продаде клубот на некој друг.
„Ќе ги користиме овие овластувања каде што е соодветно, во интерес на заштита на одржливоста, праведноста и интегритетот на англискиот фудбал каде што има јасни докази за прекршоци од страна на поединци“, додава Коган.
Сепак, постапките меѓу Манчестер Сити и Премиер лигата сè уште се во тек и ќе се чекаат понатамошни случувања.
