back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Дали сте слушнале за торта против депресија? И покрај нејзиното тажно име, таа е многу вкусна

Други наслови

Дали сте слушнале за торта против депресија? Овој рецепт е создаден за време на Големата економска криза, односно Големата депресија, и е направен на многу едноставен начин.

Оваа торта е позната како „торта за депресија“ бидејќи потекнува од време кога состојките како јајца и млеко биле луксуз, но сепак е вкусна и лесна. За да ја направите, ќе ви треба:

  • 200 грама брашно
  • 200 грама шеќер
  • Една лажичка сода бикарбона
  • Малку сол
  • Една лажица оцет
  • Една лажичка екстракт од ванила (или ванилин шеќер)
  • Пет лажици масло
  • 250 милилитри вода

Подготовка

Во сад измешајте го брашното, шеќерот, содата бикарбона и солта. Додадете го оцетот, ванилата и маслото. На крај, додадете ја водата и сè добро измешајте. Истурете ја смесата во намастен плех или калап.

Печете на 180 степени Целзиусови околу 30-35 минути. По желба, додадете малку шлаг, парче овошје или наросете со шеќер во прав.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести