Европската комисија (ЕК) објави дека воведува построги правила за управување со системски ризик преку интернет за ChatGPT, Reddit и Roblox.
ChatGPT е класифициран како многу голем онлајн пребарувач (VLOSE), додека Reddit и Roblox се означени како многу големи онлајн платформи (VLOP).
Сите три услуги пријавија просек од најмалку 45 милиони месечни корисници во ЕУ, што е прагот за оваа класификација.
По утврдувањето на статусот, компаниите имаат четири месеци, односно до крајот на декември 2026 година, да ги исполнат дополнителните обврски.

Тие вклучуваат проценка и ублажување на системските ризици поврзани со нивните услуги и алгоритми, вклучувајќи го ширењето на нелегална содржина, негативното влијание врз малолетниците, физичкото и менталното здравје на корисниците, основните права, изборните процеси и јавната безбедност, според веб-страницата на Европската комисија.
Комисијата, исто така, ќе добие пошироки истражни овластувања, односно можност да го испита начинот на кој функционираат овие служби и нивните системи и да ја провери нивната усогласеност со правилата, се додава во соопштението.
