Нова студија покажа кои карактеристики кај жените најчесто го привлекуваат вниманието на мажите на апликациите за запознавање.
Иако вкусовите се индивидуални и не постои универзална формула за привлечност, анализата на податоците од апликацијата Badoo покажа одредени шеми кај корисниците кога станува збор за избор на жени .
Во светот на модерното запознавање, каде што првиот впечаток често се создава за само неколку секунди врз основа на фотографија и краток опис на профилот, одредени детали можат да играат поголема улога отколку што изгледа на прв поглед.
Насмевката е еден од најважните детали
Добрата фотографија на профилот е често клучот за успех на апликациите за запознавање, а насмевката се покажа како еден од деталите што привлекува најголемо внимание.
Според истражувањето на „Меч груп“, изгледот на насмевката, вклучувајќи го здравјето и изгледот на забите, е важен за голем број корисници. Околу 60 проценти од мажите и 71 процент од жените изјавиле дека убавата насмевка им е важна при изборот на потенцијален партнер .

Уредните нокти оставаат подобар впечаток
Иако ноктите можеби не изгледаат како клучен фактор за привлечност, податоците сугерираат дека луѓето обрнуваат внимание на таквите ситници . Уредните нокти често се поврзуваат со лична хигиена и грижа за себе, додека неуредниот изглед може да остави негативен прв впечаток.
Бринетите добија повеќе пораки
Според анализата на Badoo, жените со кафеава коса добиле повеќе пораки од русокосите. Бринетите сочинувале околу 40 проценти од вкупниот број пораки, додека русокосите сочинувале околу 15 проценти.
Сепак, авторите на истражувањето забележуваат дека резултатот може да зависи и од тоа колку корисници со одредена боја на коса биле активни на апликацијата.
Мажите обично избираат просечна висина
Кога станува збор за висината, податоците покажуваат дека многу мажи не бараат екстремни вредности. Повеќето од нив, околу 46 проценти, претпочитале жени високи помеѓу 160 и 168 сантиметри.

Кафеавите очи привлекоа најголемо внимание
Иако светлите очи често се сметаат за особено привлечни, анализата на Badoo покажа поинаков резултат. Жените со кафеави очи добија најмногу пораки меѓу корисниците на апликацијата .
Најпопуларна беше „просечната“ градба
Податоците исто така покажаа дека жените со „просечна“ телесна градба добиле најголемо внимание. Овој термин е широк и може да вклучува различни типови на тела, но во анализата на апликацијата, оваа група била најзастапена меѓу корисниците.
