back to top
7.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Жерновски: Бараме истрага за финансиските врски на Мицкоски со Унгарија

Други наслови

Падот на авторитарниот режим на Виктор Орбан има директни последици не само за целиот регион, туку и за оние политичари кои беа под негова директна заштита. Ова секако го вклучува и Христијан Мицкоски, наречен Орбан помладиот, изјави на денешната прес-конференција членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски.

Жерноски рече дека вчера германските медиуми го разоткриле Мицкоски како дел од „авторитарното братство на Виктор Орбан“.

Жерновски, зборувајќи за она што го кажал СДСМ во минатото, сега рече дека истото го потврдиле и германските медиуми.
„Прво, дека станува збор за голема транснационална мрежа која работи под заштита, односно под директен чадор на Виктор Орбан. И второ, мрежа која ги контролира медиумите, финансиските текови и која работи врз основа на контрола на бизнисите“, рече Жерновски.
Она што, според него, граѓаните треба да го знаат, а што е многу важно, е дека Германија и Европа го нарекоа Мицкоски авторитарен политичар и го ставија во друштво на Вучиќ и Додик. Целата таа група, додаде Жерновски, беше наречена авторитарно братство.

„Тоа е корумпиран систем на политичка, финансиска и медиумска контрола, во директна спротивност со европските демократски вредности, или ако сакате, продолжена рака на Русија во Европа“, рече тој.

Според него, германските медиуми го потврдиле она што го кажуваше СДСМ, имено дека падот на Орбан ќе значи слабеење на автократските и антиевропските влијанија.

„Главното оружје што го користеше Мицкоски падна, а тоа беше тврдењето дека ова се само наративи на СДСМ. Не. Она што Европа и Германија денес го оценуваат кај Мицкоски веќе не е напад врз домашната опозиција. Ова се нарекува меѓународна дијагноза“, рече Жерновски.

СДСМ бара истрага за сите финансиски и деловни врски меѓу Орбан и Мицкоски и испрати порака до Министерството за правда веднаш да побара враќање на Никола Груевски, по најавите на новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, дека земјата повеќе нема да биде засолниште за криминалци. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести