back to top
20.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

За судии во Стразбур се предложени Сашо Георгиевски, Јордан Апостолски, Наташа Бошковска

Други наслови

Професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска се номинирани за судии во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Како што информираше претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, одлуката е донесена врз основа на критериумите за висок морален интегритет и потврден професионален авторитет во областа на правото.

Трите имиња предложени од Комисијата за избор на кандидат на Македонија за судот во Стразбур ќе бидат испратени до панелот на експерти на Советот на Европа за разгледување. Владата на 22 јули ја откажа прелиминарната листа од тројца кандидати и го промени составот на Комисијата за избор.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести