back to top
20.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Зошто Русија жртвува илјадници војници за да ја преземе контролата врз Покровск?

Други наслови

Битката за Покровск стана клучна епизода во војната во Украина.

Градот се наоѓа на стратешки автопат што го користи украинската војска и Москва го смета за порта кон западниот дел на Донбас.

Заземањето на Покровск и соседниот град Костјантинивка би им дало на руските сили база за офанзива кон главните градови во регионот, Краматорск и Славјанск, што претставува најголемо територијално освојување на Москва од падот на Авдеивка на почетокот на 2024 година.

Во интервју за „Вот Так“, украински војник кој се бори во близина на Покровск рече дека руските трупи „влегуваат во градот, умираат, а потоа влегуваат повторно, повторно и повторно, без запирање“.

И покрај постојаните напади, Покровску сè уште не се предаде.

Според него, руските сили се присутни во сите населби на градот, освен во индустриската зона.

Русија има за цел да преземе целосна контрола врз регионот, кој ги вклучува регионите Луганск и Донецк.

Украина сè уште држи околу 10 проценти од Донбас, околу 5.000 квадратни километри во западниот дел од регионот Донецк.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести