Илон Маск (54) јавно го коментираше деколтето на актерката Сидни Свини (28), која моментално важи за една од најсексипилните жени од јавниот свет на планетата.
Списанието „Вараџети“ објави нејзино видео од црвениот тепих, додека во бела тоалета позира заводливо за фотографите.

Коментарите беа полни со пофалби за нејзиниот изглед и убавина, а Илон Маск одговори на објавата со мим генериран од вештачка интелигенција споредувајќи го изгледот на бујна биста со напрегање на ‘рбетот, заедно со кратка порака:
– Не може да биде лесно.
Многумина го сметаа ова за непристоен коментар од страна на маж кон жена, а Сидни сè уште не проговори за тоа.

