back to top
16.8 C
Skopje
недела, 20 септември , 2026

ИРАН БАРАШЕ ДИРЕКТНИ ПРЕГОВОРИ СО САД“! Белата куќа: Виткоф и Кушнер патуваат во Пакистан во сабота

Други наслови

Џеј Ди Венс, кој ја предводеше американската делегација во претходната рунда, овој пат не патува.

Американскиот претседател Доналд Трамп испраќа претставници во Пакистан на нови разговори со Иран.

Белата куќа потврди за „Фокс њуз“ дека Иран побарал нови состаноци во живо.

Потпретседателот Џ.Д. Венс ќе остане во САД во готовност за да интервенира по потреба, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, објави Фокс.

„Сите се во состојба на готовност“, се вели во извештајот. Специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, патуваат во Исламабад, изјавија американски претставници за Ројтерс.

Џеј Д Венс, кој ја предводеше американската делегација во претходната рунда, овој пат не патува, објави прво Си-Ен-Ен. Иранските државни медиуми претходно објавија дека министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, исто така, патува во Пакистан.

Арагчи ќе ги посети и Мускат и Москва за време на турнејата, соопштија иранските власти. „Целта на ова патување е да се одржат билатерални консултации, да се разговара за актуелните настани во регионот и најновата ситуација во врска со војната што ја водат САД и израелскиот режим против Иран“, објавија иранските медиуми.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести