back to top
7.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

Иран го отфрли американскиот предлог за 48-часовно примирје: „Нашиот одговор на тоа се жестоки напади на терен“

Други наслови

Иран го отфрли американскиот предлог за 48-часовен прекин на огнот, а преговорите меѓу двете страни, кои требаше да се одржат во Пакистан, дојдоа во целосен ќорсокак, според иранските и американските медиуми.

Иранската полуофицијална новинска агенција Фарс објави дека Техеран категорично го отфрлил американскиот предлог за прекин на огнот. Повикувајќи се на информирани извори, Фарс наведува дека на 4 април, САД испратиле понуда за 48-часовен прекин на огнот преку „една од пријателските земји“.

„Одговорот на Иран на овој предлог не дојде во писмена форма, туку дојде во форма на одговор на терен и продолжени тешки напади“, соопшти иранската новинска агенција.

Во меѓувреме, американскиот весник „Волстрит џурнал“ (WSJ) објавува дека преговорите се целосно блокирани, а американските барања се оценети како неприфатливи.

Актуелната рунда преговори, која ја иницираа земјите од регионот предводени од Пакистан со цел постигнување примирје меѓу САД и Иран, се најде во ќорсокак. Оваа информација за WSJ ја потврдија самите медијатори во разговорите.

Според нивните извори, Иран официјално ги информирал медијаторите за својата неподготвеност да се сретне со американски претставници во Исламабад во наредните денови, објаснувајќи дека САД имаат барања што Техеран ги смета за апсолутно неприфатливи.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести