Иран ѝ се заканува на Украина за поддршка на Израел.
Шефот на Комитетот за национална безбедност на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, побара целата територија на Украина да се смета за легитимна цел.
– Со поддршка на израелскиот режим со беспилотни летала, опустошената Украина ефикасно се вклучи во војната . Според член 51 од Повелбата на ОН, ова ја претвори целата нејзина територија во легитимна цел за Иран – рече Азизи.
