back to top
26.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Иранците потврдија: Ормускиот теснец е целосно отворен за премин на сите бродови

Други наслови

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави дека, во согласност со прекинот на огнот во Либан, е отворен премин за сите комерцијални бродови низ Ормутскиот теснец.

„Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормутскиот теснец е прогласен за целосно отворен за преостанатиот период од прекинот на огнот, по координираната рута што веќе ја објави Организацијата за пристаништа и поморство на Исламската Република Иран“, објави Арагчи.

За потсетување, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вчера објави дека разговарал со лидерите на Израел и Либан и дека двете земји се согласиле на десетдневен прекин на огнот.

Иран го поврза своето примирје со САД и Израел со примирјето меѓу Хезболах и Израел, но САД и Израел тврдеа дека Либан не е опфатен со примирјето.

Оваа одлука ја потврди и американскиот претседател Доналд Трамп.

„Иран штотуку објави дека Ормутскиот теснец е целосно отворен и подготвен за сите бродови да поминат низ него. Ви благодарам“, рече американскиот претседател.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести