Родителите кои се претерано заштитнички настроени кон своите деца имаат лош ефект врз нивната самодоверба. Последиците се гледаат дури подоцна, кога децата ќе пораснат.
Кога родителите ја преземаат контролата и практично прават сè за своите деца , тие подоцна не можат да се снајдат во тешка ситуација, а тоа влијае на нивната самодоверба .
Тие се справуваат со несигурноста преку развивање навики што ги следат додека растат. Според експертите, родителите прават многу работи за нив, поради што тие созреваат многу подоцна од претходните генерации.
Тие додаваат дека е потребна рамнотежа помеѓу прекумерниот надзор и слободата да се грижат за себе. Ако родителите не ги научат на независност , децата нема да станат независни преку ноќ само затоа што наполниле 18 години.

Кога родителот прави сè наместо детето , тоа ја уништува неговата самодоверба во своите способности. Ако родителот инсистира дури и наједноставните задачи да ги прави сам наместо детето, тоа му испраќа порака на детето дека можеби не е способен.
Децата учат да ги контролираат своите емоции преку игра , а со претерано заштитнички настроени родители тоа станува тешко. Родителите треба да си играат со децата, но не треба да се обидуваат да ја контролираат играта, бидејќи преку игра децата учат како да се дружат.
