back to top
14.1 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

Кина го поздравува новиот договор со ЕУ за хибридни автомобили

Други наслови

Кина објави дека новиот договор со ЕУ за хибридни возила ќе овозможи извозот да продолжи да расте и ќе и обезбеди на земјата квота не помала од онаа што е доделена на која било друга земја.

Соопштението дојде откако европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ во петокот изјави дека договорот меѓу Кина и ЕУ, постигнат по разговорите во Пекинг, би можел да го преполови извозот на хибридни автомобили од Кина во блокот, објави Ројтерс.

Напорите на ЕУ беа насочени кон намалување на огромниот трговски дефицит со Кина, додека кинеското Министерство за трговија во соопштението наведува дека разговорите се дел од напорите за балансирање на пошироките економски и трговски интереси, соопшти агенцијата.

Во соопштението на кинеското министерство се наведува дека постигнатиот консензус „силно ги штити практичните интереси на кинеските претпријатија, спречува ескалација на трговските тензии меѓу Кина и ЕУ и им обезбедува на двете страни стабилна, предвидлива и одржлива средина за трговија и инвестиции“.

Двете страни се согласија дека квотата за извоз на хибридни возила од Кина нема да биде пониска од квотите доделени на други извори на увоз и дека мерките на ЕУ не смеат да бидат конкретно насочени кон кинеските производи, ниту да дискриминираат кинеските компании.

Кинеското Министерство за трговија додаде дека е постигнат договор и за зголемување на обемот на извоз на хибридни возила во споредба со нивоата предвидени за 2025 година, со цел да им се обезбедат на кинеските компании деловни можности и стабилен раст.

Договорот беше постигнат по тримесечни разговори меѓу Шефчович и кинеските претставници, вклучувајќи го и министерот за трговија Ванг Вентао, а по него следуваа години спорови меѓу Пекинг и Брисел околу порастот на кинескиот извоз на производи како што се автомобили, потсетува Ројтерс.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести