back to top
30.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Колку кафе дневно помага во намалување на стресот?

Други наслови

Студиите покажаа дека пиењето кафе може да го продолжи животот и потенцијално да го намали ризикот од атријална фибрилација (неправилен, брз отчук на срцето). Сега научниците ја утврдија количината на кафе што може да помогне во намалувањето на стресот.

Големата студија, објавена во „Journal of Affective Disorders“, анализирала податоци за внесување кафе и медицински картони на 460.000 луѓе во период од приближно 13 години.

По тој период, резултатите покажаа дека луѓето кои пиеле кафе дневно, поточно две до три шолји, имале помал ризик од развој на нарушувања на расположението (како што се голема депресија или биполарно растројство) и нарушувања поврзани со стрес (како што се анксиозност и нарушувања на прилагодување) во споредба со оние кои воопшто не пиеле кафе.

Луѓето кои пиеле пет или повеќе шолји кафе дневно не доживеале намалување на стресот, туку зголемување на нарушувањата на расположението. Доктор Кира Бобинет и нутриционистот Александар Лерит го истакнуваат позитивното влијание на антиоксидансите во кафето, кои можат да помогнат во борбата против воспаленијата, а со тоа и разни болести.

„Кафето е многу повеќе од кофеин. Содржи стотици биоактивни соединенија, вклучувајќи полифеноли и хлорогени киселини, кои имаат антиоксидантни и антиинфламаторни својства и можат независно да го поддржат здравјето на мозокот со текот на времето“, рече Бобинет.

Врската помеѓу кафето и помалиот ризик од проблеми со менталното здравје може да се објасни со неговите ефекти врз бубрезите, црниот дроб и метаболизмот на мастите. Ова се процесите што антиоксидансите од кафето можат да ги поддржат, нагласи таа.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести