На настапот на Рики Мартин по повод прославата на Денот на независноста на Црна Гора, се случи инцидент кога беше фрлен солзавец.
Претставата беше накратко прекината, а публиката избега во паника, и дури по некое време, настапот на латино ѕвездата продолжи.
Како што рече изворот, многумина во публиката помислиле дека е фрлена бомба и избегале од страв.
– Луѓето плачеа и бегаа од настапот на Рики Мартин. Фрлен беше солзавец. Многумина мислеа дека е бомба. Настапот продолжи многу подиоцна – тврди изворот.
Патем, пред настапот, Рики Мартин истакна дека е возбуден.
– Се надевам дека ќе оставам зад себе ноќ полна со радост, поврзаност и прослава. Музиката има моќ да нè обедини надвор од јазикот и географијата, а мојата цел е сите да си заминат со чувство на енергија, инспирација и љубов – рече тој.
