Дара е победничка на Евровизија 2026 и една од најпознатите поп-изведувачки во Бугарија, уметница која ја освои Европа со својот автентичен звук и моќен сценски настап.
Родена на 9 септември 1998 година во Варна, Дара покажува интерес за музика уште од детството . Дипломирала на Националното уметничко училиште „Добри Христов“.
Пошироката публика ја запозна во 2015 година преку музичкото натпреварување „X Factor“, каде што стигна до финалето и го освои третото место под менторство на Криско.
Во текот на својата кариера, Дара ги помести границите на бугарската поп-музика и стана позната по хитовите „Гром“, „Повикај ме“ и „Господин Ровер“, кои доминираа на топ листите со недели.
Со повеќе песни на врвот на официјалната бугарска Airplay листа, таа го изгради својот статус како една од водечките ѕвезди на модерната балканска музичка сцена.

Иако нејзините песни и видеа достигнаа повеќе од 80 милиони слушања и прегледи , Дара истовремено беше ментор на нова генерација музичари преку шоуто „Гласот на Бугарија“ во текот на 2021 и 2022 година.
Голем чекор во нејзината кариера е албумот „ ADHDARA“ , издаден во 2025 година. Овој интимен и личен проект го означи преминот од статус на голема домашна поп-ѕвезда во уметник со препознатлив меѓународен идентитет и растечко глобално присуство.
Со победата на националниот натпревар за Евровизија 2026, Дара доби можност да ја претставува Бугарија во Виена со песната „Бангаранга“, со која ја освои европската публика и ѝ донесе победа на својата земја на најголемото музичко натпреварување во Европа.
