back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

КУВАЈТ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ОДМАЗДАТА НА ИРАН: Големо разурнување на меѓународниот аеродром, има жртви (ВИДЕО, ФОТО)

Други наслови

Кувајтското Министерство за внатрешни работи објави видеа на кои се гледа обемот на штетата и обемното уништување на меѓународниот аеродром во Кувајт, кој рано утрово беше цел на масовен ирански напад со ракети и беспилотни летала.

Објавената снимка го прикажува првиот заменик-премиер и министер за внатрешни работи, шеикот Фахд Јусеф Сауд ал-Сабах, во придружба на обезбедувањето, како ги посетува уништените места и ја проценува штетата.

Видеото покажува обемна штета на патничката зграда на Терминал 1, како и разговорот на министерот со службите за итни случаи и пожарникарите кои беа меѓу првите што пристигнаа на местото на несреќата.

Крвавиот биланс од нападот: Еден мртов и десетици повредени

Во овој насилен напад од страна на Техеран, еден индиски државјанин кој случајно се нашол на терминалот е убиен, додека најмалку 63 лица се повредени, потврдија официјални кувајтски извори.

Воените команданти објавија дека воздушната одбрана успеала да пресретне и собори 13 ракети и 17 дронови, но некои од иранските дронови успеале да го пробијат одбранбениот штит и директно да ја погодат аеродромската инфраструктура. Покрај Кувајт, и соседниот Бахреин бил цел на иранската војска, а обете земји од Заливот се дом на големи и стратешки важни американски воени бази.

Иран: Тоа беше самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги потврди нападите и рече дека станува збор за „напади од самоодбрана“, нагласувајќи дека тие биле насочени само кон локации што ги користи американската војска за напад врз трговски бродови и кршење на прекинот на огнот.

Официјален Техеран ги лансираше ракетите како директна одмазда откако американските сили претходната ноќ со ракета „Хелфаер“ го онеспособија танкерот за нафта под знамето на Боцвана, кој се упати кон островот Харг, главниот центар за извоз на нафта во Иран. И додека американскиот државен секретар Марко Рубио тврди пред Конгресот дека операцијата „Епски бес“ е завршена и дека Вашингтон победил, насилните напади на терен покажуваат дека конфликтот е далеку од завршен.

ЦЕНТКОМ: Иран со беспилотни летала го нападна цивилниот аеродром во Кувајт

Централната команда на САД (CENTCOM) ги отфрли иранските тврдења дека Иран не го нападнал патничкиот терминал на меѓународниот аеродром во Кувајт.

Американската команда тврди дека Иран погодил цивилен аеродром со беспилотни летала во она што го нарекува „намерен, пресметан и неоправдан напад“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести