back to top
27.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Лавров: Договорот за продажба на НИС немаше да биде постигнат ако не беше во интерес на Русија

Други наслови

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес изјави дека договорот за продажба на пакет акции на Нафтената индустрија на Србија (НИС) на унгарската компанија МОЛ немаше да биде постигнат доколку тоа не беше во интерес на Русија.

„Во врска со НИС, овој договор, кој беше објавен вчера, доколку не беше поволен за руската страна, немаше ни да се случи“, рече Лавров на прес-конференција.

Унгарската компанија МОЛ Груп вчера потврди дека ги потпишала главните одредби од обврзувачкиот рамковен договор со руската компанија Газпром Нефт за купување на 56,15 проценти од акциите на НИС.

Властите во Србија побараа промена на сопственоста во НИС поради одлуката на американските власти да воведат санкции врз оваа компанија, а и затоа што тие беа во сопственост на руска компанија која долго време е под санкции.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести