back to top
14.8 C
Skopje
вторник, 13 октомври , 2026

Макрон подготвува построги мерки

Други наслови

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека сака да ја прошири забраната за употреба на мобилни телефони и во средните училишта. Оваа забрана веќе е на сила во основните училишта во Франција.

„Ги отстранивме мобилните телефони од основните училишта. Веројатно ќе го прошириме ова и во средните училишта од следната учебна година“, рече Макрон, според телевизијата BFM .

Како што истакна, тоа е место каде што се учи и се разменуваат информации.

„Се соочуваме со бран на осаменост и проблеми со менталното здравје кај нашите млади“, рече Макрон и најави започнување на голема информативна и превентивна кампања насочена кон родителите.

Франција веќе ја забрани употребата на мобилни телефони во основните училишта, што беше предизборно ветување на францускиот претседател. Законот забранува употреба на мобилни телефони, таблети и други електронски уреди поврзани на интернет.

Исклучоци се воннаставните активности или употребата на овие уреди од страна на ученици со посебни потреби.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести