Најдобриот фудбалер на Алжир, Ријад Марез, се најде во центарот на скандал откако неговата изјава на крајот од натпреварот против Австрија ги разгоре сомнежите за договорот.
На крајот, резултатот беше 3:3, што им гарантираше и на Алжир и на Австрија пласман во осминафиналето на Светското првенство, но начинот на кој тоа беше постигнато предизвика бројни контроверзии.
Натпреварот влезе во напната завршница откако Марез постигна гол во 93-тата минута за водство на Алжир од 3-2.
Со тој резултат, Австрија би била елиминирана од натпреварувањето, а Алжир би имал исклучително неповолен ждреб во осминафиналето бидејќи би играл против Шпанија
Сепак, само три минути подоцна, во шестата минута од судиското продолжение, Австријците израмнија, а алжирската одбрана делуваше крајно пасивно.
Сомнежите за регуларноста беа дополнително зајакнати откако се појавија видеа на кои се гледа како соиграчите на Марез се жалат и го критикуваат веднаш по постигнувањето на голот за 3:2.
Наместо да ја смири ситуацијата, изјавата на Марез за медиумите практично ги потврди сомневањата дека постоел премолчен договор за резултат што им одговара на двата тима.
„ Ја проширивме играта, а тие се повлекуваа. Но, во последен момент некој ја протурка топката низ средината. Морав да трчам, морам да го почитувам фудбалот. Знам дека е малку срамно, но вистина е. Топката дојде пред голманот и морав да шутирам, морав да се обидам да постигнам гол “, рече Марез , продолжувајќи со ист тон:
„Знам дека беше срамно, но тоа е фудбалот. Морам да го почитувам. И добро е – добро за нив – што на крајот постигнаа гол и се пласираа понатаму. И двата тима се пласираа понатаму и тоа е најважното нешто.“
