Американскиот милијардер Илон Маск се огласи откако неговата е-пошта беше откриена во најновите документи за Џефри Епштајн. Според објавените документи, Маск му пишал на Епштајн кон крајот на 2013 година за да координира патување до карипскиот остров на Епштајн.
По повод објавените документи на Министерството за правда на САД, самиот Маск се огласи.
„Никој не инсистираше повеќе од мене за објавување на досиејата на Епштајн и ми е мило што конечно се случи. Многу малку се допишував со Епштајн и одбивав повторени покани да одам на неговиот остров или да летам со неговиот „Лолита експрес“, но бев добро свесен дека дел од е-поштата со него може да биде погрешно протолкувана и искористена од критичарите за да го оцрнат моето име“, изјави Маск.
Тој додаде дека е важно да се гонат оние што извршиле сериозни кривични дела со Епштајн.
„Тоа не ме интересира, но она што ме интересира е барем да се обидеме да ги гониме оние што извршиле сериозни кривични дела со Епштајн, особено во врска со гнасната експлоатација на малолетни девојчиња“, заклучи тој.
