back to top
23.8 C
Skopje
недела, 4 октомври , 2026

Маск: Успеавме да ги запреме Русите

Други наслови

Илон Маск тврди дека се успешно преземени чекори за да се спречи „неовластената“ употреба на Starlink од страна на Русија.

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека, очигледно, чекорите преземени за да се спречи „неовластеното“ користење на интернет системот Starlink од страна на Русија биле успешни.

„Се чини дека чекорите што ги презедовме даваат резултати. Ве молиме известете нè ако треба да се направи нешто друго“, рече извршниот директор на SpaceX на неговата социјална мрежа X.

Украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров во четвртокот изјави дека Украина соработува со SpaceX за да ја спречи Русија да управува со дронови користејќи го интернет системот на Starlink, откако Киев соопшти дека ги пронашол уредите на дронови со долг дострел што се користат во руските напади, објави Ројтерс.

„Западната технологија мора да продолжи да му помага на демократскиот свет и да ги штити цивилите, наместо да се користи за тероризам и уништување на мирни градови“, напиша Федоров на IX.

И покрај разликите меѓу Маск и украинските претставници околу нивниот став за војната со Русија, украинската војска продолжува да се потпира на десетици илјади уреди „Старлинк“ за комуникација на фронтовската линија и за управување со некои мисии со беспилотни летала.

„Старлинк“ го прошири геополитичкото влијание на Маск, а во 2022 година тој ја презеде контролата врз тоа како и каде „Старлинк“ го користеа украинските трупи кои се бореа против руските сили, според „Ројтерс“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести