Министерството за правда објавува дека постапува исклучиво согласно меѓународните закони и договори во врска со случајот на поранешниот премиер Никола Груевски и дека се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзина правилна обработка.
Министерството наведува дека собирањето информации од надлежните судови има за цел да обезбеди целосна и точна правна основа за понатамошни дејствија.
„Министерството нема овластување да ги преиспитува конечните одлуки на судот, но е должно да постапува по нив“, се вели во соопштението.
Во исто време, тие нагласуваат дека сите постапки се спроведуваат преку институционален процес и во соработка со надлежните органи на Унгарија, без влијание на политички изјави или квалификации.
Министерството додава дека останува посветено на владеењето на правото и почитувањето на правниот поредок.
