back to top
5.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Мицкоски за реконструкција на владата: Фокусот ќе биде на содржината, а не на големината

Други наслови

„Ќе се фокусирам повеќе на содржината отколку на обемот на реконструкцијата“, рече премиерот Христијан Мицкоски, повторувајќи дека разговорите со коалициските партнери ќе започнат по 17 јуни.

Што се однесува до тоа кое министерство кому ќе му припадне, Мицкоски побара трпение, нагласувајќи дека детали за ова прашање ќе има во наредните денови.

„Не би навлегувал во големината, туку би се држел до содржината на реконструкцијата на Владата. Сега сме посветени, и јас лично, но и партијата што ја предводам, на роденденот, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи во Струмица на градскиот стадион, во среда, на 17-ти, во 20 часот, а следниот ден ќе почнеме да разговараме со владините партнери за реконструкцијата, но повеќе ќе се држам до содржината отколку до големината на реконструкцијата“, рече Мицкоски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести