back to top
18.8 C
Skopje
четврток, 1 октомври , 2026

Мицкоски: Можно е до крајот на годината да има уште еден ребаланс на буџетот

Други наслови

Намалените приходи од акцизи и данок на додадена вредност би можеле да бидат причина за уште еден ребаланс на буџетот до крајот на оваа година, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Според владините проценки, до крајот на годината буџетот би можел да биде покус за 6 до 7 милијарди денари, или околу 97 до 113 милиони евра. Мицкоски објасни дека намалениот прилив е поврзан со владините мерки за намалување на акцизите и ДДВ-то, со цел ублажување на влијанието од зголемувањето на цените на нафтата.

„Очекуваме дека до крајот на годината ќе ни недостасуваат 6-7 милијарди денари од она што го планиравме, и затоа е можно до крајот на годината да имаме уште едно ребалансирање“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на промоцијата на реновираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопјe.

Премиерот се задржа и на движењето на инфлацијата, оценувајќи дека таа не направила голем пресврт во земјата и дека во последните два месеци е под европскиот просек. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести