back to top
20.8 C
Skopje
сабота, 19 септември , 2026

Мицкоски на дводневна посета на Обединетото Кралство на Самитот за Западен Балкан-Берлински процес

Други наслови

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија.

Претседателот, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани ќе учествуваат на голем број состаноци во состав на Берлинскиот процес.

На маргините на самитот, а и во рамки на посетата на Обединетото Кралство, Претседателот на Владата се предвидени се голем број на билатерални средби, за што навремено ќе ја информираме јавноста.

При посетата на Обединетото Кралство, владината делегација ќе оствари повеќе економски работни средби кои ќе преставуваат економски исчекор за меѓусебната соработка.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести